Брегот на слоновата коска се пласираше во четвртфиналето од Купот на афричкита нации откако славеше и во второто коло против Буркина Фасо со 2-0.
Головите ги постигнаа Калу во 16-та минута и Бакари Коне во 82-та минута. На останатиот натпревар од групата Ангола и Судан ги поделија бодови играјќи 2-2. На оваа средба сите четири гола ги постигнаа само двајца фудбалери. За Ангола стрелаше Алберто во 5-та и 50-та минута, додека Башир беше стрелец за Судан во 33-та и 74-та минута.
Претходно пласман во четвртфиналето, исто така по само два одиграни натпревари во првата група, обезбеди домаќинот Екваторијална Гвинеја.