Видео: Милан лесно со Лацио за полуфинале со Јуве
27/01/2012 10:00
Видео: Милан лесно со Лацио за полуфинале со Јуве


Фудбалерите на Милан го совладаа Лацио со 3:1 и се пласираа во полуфинелто на италијанскиот куп каде ги очекува пресметка со Јувентус.

И покрај тоа што ’лацијалите’ први поведоа уште во 5-та минута со убавиот гол од волеј на Сисе, сепак ’росонерите’ брзо израмнија преку Робињо во 15-та минута.

Само три минути подоцна, Сидорф постигнува убав гол, после феноменалната асистенција на Ел Шарави за комплетен пресврт и водство на Милан од 2-1, а конечните 3-0 ги постави Ибрахимовиќ на шест минути до крајот на натпреварот.

Во полуфиналето сега Милан го очекува дуел со Јувентус, додека втората двојка ја сочинуваат Наполи и Сиена. Првите натпревари од полуфиналето во Купот на Италија се играат на 8-ми февруари, додека реванш дуелите се закажани за 21-ти март.


sz�lj hozz�: milan 3-1 lazio highlights HD
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0446][22]