Мурињо го чекаше судијата на паркинг
26/01/2012 16:52
Мурињо го чекаше судијата на паркинг

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо не сакаше да ја коментира јавно арбитражата на судијата Тешеира Витиенес синоќа, но побарал средба во четири очи со него после натпреварот, соопштува „Ел Мундо Депортиво“.

Електронското издание на овој спортски медиум објави слика на која се гледа како Мурињо на паркингот го чека судијата за да му го искаже своето незадоволство од судењето на натпреварот.

„Штом ти се допаѓа, стани професионален актер“, му рекол во очи Португалецот на шпанскиот арбитар.
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0410][20]