
Во последните неколку дена уште повеќе се подгреаа шпекулациите за можното враќање на Самуел Ето во Интер, откако Камерунецот беше забележан како присуствува во Милано.

Поранешниот светски шампион во супертешка категорија Џо Фрејзер почина утрово во Филаделфија на 67-годишна возраст по кратка борба со ракот на црниот дроб.

Берт ван Марвијк наскоро ќе го продолжи својот договор како селектор на Холандија и ќе остане на оваа функција до јуни 2016 година.

Поранешните премиерлигашки ѕвезди Дејвид Бекам и Роби Кин го однесоа ЛА Галакси во големото финале на МЛС лигата во САД, откако во финалната конференциска пресметка на западот тимот од Лос Анџелес со 3-1 го совлада Реал Солт Лејк.

Играчот од средниот ред на Милан, Кевин Принц Боатенг повеќе нема да настапува за националниот тим на Гана, а причините преку писмо и ги обрзложил на ФАГ.

Фудбалерите на Динамо Загреб доживеаја дебакл од 4:0 на гостувањето против Ајакс во Амстердам и се пред остварување на неславен рекорд како единствени оваа сезона без гол и бод во Лигата на шампиони.

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ за две недели ќе ја објави својата автобиографија во која, меѓу останатото, се наоѓаат детали од негата кавга со Гвардиола и заминувањето од Барселона.

Ѕвездите на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, Рајан Гигс и Патрис Евра ги добија главните улоги во рекламата на чилеанска винарија која е еден од спонзорите на клубот. Можете да замислите што се случи кога рекламата ја видоа англиските новинари.

Кога со својата фудбалска екипа излезе на терен, 11-годишниот Марио Жозе Мурињо публиката почна да ја пее песната со која во Шпанија често го наврдуваат неговиот татко и Кристиано Роналдо.

Со еден ден закаснување, но пред голем аудиториум, првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ја прослави Ноќта на вештерките. На теренот во салата во Базел влезе со ’застрашувачка’ маска на главата.