
Често сме сведоци на инциденти на фудбалските терени, а дека арбитражата е опасна работа потврдува овој судија кој ја делеѓе правдата на еден натпревар во Танзанија за време на мечот меѓу Јанг Африканс и Азам.

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио на својот Фејсбук профил во понеделникот го обвини новиот претседател на Бразилскиот фудбалски сојуз Хозе Мариа Марин, дека му го украл медалот на еден јуниор од Коринтианс.

Голманот на екипата на Ал Васл од Дубаи чиј тренер е Диего Марадона, заработи суспензија од 17 натпревари заради шамарот која му ја залепи на познатиот шпански тренер Кике Санчез Флорес.

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес е убеден дека неговиот тим може да ја анулира негативата од еден гол вечерва на својата „Алианц Арена“ и да се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

На Меси најверојатно повеќе не му е интересно да дава голови, па откако веќе постигна 50 оваа сезона, реши да застане помеѓу стативите и да види како им е на голманите.

Контроверзниот Бразилец Адриано повторно е слободен играч, откако поради кршење на дисциплинските правила Коринтијанс ја прекина соработката со него.

Потегот на француската легенда Зинедин Зидан, кога во финалето на Светското првенство во 2006 година во Германија со глава го удри Италијанецот Марко Матераци, сега е дел од уметноста.

Фантастичниот напаѓач на Ливерпул, Луис Суарез е мета на многу големи клубови ширум Европа, а медиумите шпекулираат дека Уругваецот ќе биде една од гчавните трансфер цели на ПСЖ.

Спектакуларниот автомобил „Lamborghini Aventador“ кој го поседува еден од најскапоплатените фудбалери на денешницата, Кристиано Роналдо, вчера беше виден како го крева пајак-слубата во Мадрид.

Ледендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ерик Канрона изјави дека репрезентацијата на Каталонија, кога би имала право на настап, би била кандидат за титулата светски шампион.