
ФИФПро, светската унија на професионални фудбалери, на 9-ти јануари во Цирих ќе го објави најдобриот тим за 2011 година составен од голман, четворица дефанзивци, тројца фудбалери од средниот ред и тројца напаѓачи.

Легендата на светскиот и бразилски фудбал, Пеле констрантно ја провоцира светската фудбалска јавнист. Овој пат сигурно ќе му замерат фановите на Меси, бидејќу Пеле тврди дека Нејмар е подобар од Аргентинецот.

Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) ја објави најновата рејтинг листа на фудбалските клубови во светот, на која Барселона и понатаму е на првото место, а најдобро рангиран македонски клуб е Работнички на 160-то место.

Иако од неговата смрт поминаа цели 18 години, Дражен Петровиќ сеуште го памтат неговите соиграчи и противници од другата страна на Атлантикот.

Супер ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо ќе купува куќа во Италија на езерото Комо, кое е во близина на Милано, а тоа беше повод за медиумите веднаш да започнат со шпекулации.

Во почетокот на ноември капитенот на Краснодар, Спартак Годниев брутално беше претапан на гостувањето кај Терек од Грозни, а Меѓународното здружение на професионални фудбалери пронајде снимка ја и објави на Јутјуб.

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Гути, ги демантираше гласините дека е подготвен да стави крај на својата кариера и истакна дека сака кариерата да ја продолжи во Азија.

Вечерва на програмата е заостанатиот натпревар од Серија А помеѓу Наполи и Јувентус, па очите на италијанската јавнст се вперени во големото дерби во Неапол.

Португалскиот актуелен шампион Порто со триумфот над Брага (3-2) во 11-то првенствено коло постави нов рекорд во шампионатот, 50 натпревари без пораз.

Бразилскиот фудбалер Мансини, кој седум години играше во италијанската Серија А, доби затворска казна од 2 години и 8 месеци, откако преткодно беше обвинет за силување.