
Натпреварот на резервите на Ајакс и Витезе вчера е прекинат во 63 минута, откако играчот на Ајакс Евандер Сно(23) се сруши на теренот. Тој е пренесен во болница под сомнеж дека имал срцев удар.

Рафаел Надал ја освои титулата на последниот тениски Грен слем турнир во сезоната, Отвореното првенство на САД. Во финалето по 222 минути игра, Надал го победи Новак Ѓоковиќ со 3:1 (6:4, 5:7, 6:4, 6:2).

Националниот тим на САД е нов светски шампион во кошарка, откако синојќа во салата „Синан Ердем Доум“ во Истамбул го совлага домаќинот Турција со 81:64.

Скандалите во националниот тим на Франција не запираат и покрај смената на селекторот Доменеш. Двата основни фудбалери во тимот, Франк Рибери и Јоан Гуркуф се во постојан конфликт.

Михаел Бекер, менаџер на германскиот репрезентативец Михаел Балак, предизвика скандал, изјавувајќи за Билд дека германската репрезентација ја контролираат хомосексуалци.

На универзитетот Варвик е одигран најдолгиот натпревар во историјата на фудбалот кој влезе во Гинисовата книга на рекорди. Хуманитарната средба траела 57 часа, а одиграна е во склоп на акцијата за борба против менингитис.

Сигурно сте го слушнале името Раиола повеќе пати ова лето и се прашувате кој е овој човек. Изгледа дека секој трансфер кој го прави некој од најголемите клубови во Европа, го вклучува и него. Затоа ви носиме некои информации за овој супер-агент.

Зидан, пензионираниот легендарен фудбалер на француската репрезентација, и Реал Мадрид, каде денес е амбасадор е задоволен со изгледот на тимот.

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Диего Марадона, изрази желба 50-от роденден да го прослави со хуманитарен натпревар со својот Наполи.

Бразилската ѕвезда на Партизан, Клео, кој веќе и официјално е со српски пасош, продолжува да прави „чуда“ во дресот на црно-белите.