Натпреварот од првата исландска лига меѓу Стјарнан и Филкир ќе остане запаметен по најоригиналната прослава на гол, а фудбалерите на домашниот тим покажаа дека не за џабе ги викаат ’рибари’.

Новото засилување на Њујорк Ред Булс, Тиери Анри постигна гол на својот дебитантски меч против Тотенхем, кој за жал не беше доволен Американците да забележат победа.

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед ужива се поголема популарност во Малезија, но тоа не и се допаѓа на конзервативната муслиманска заедница...
Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) ја објави табелата на најсилни фудбалски првенства во светот. Шпанската Примера го зеде приматот од Премиерлигата, додека македонската Прва лига е 86-та!

Австралискиот репрезентативец Хари Кјуел потпиша нов едногодишен договор со турскиот прволигаш Галатасарај.

Вистинско шоу на еден меч од чилеанската втора лига. Судијата три пати повторуваше пенал, а на крајот за малку ќе беше задавен.

Голманот на Нигерија Винсент Енјеама на штотуку завршеното СП воопшто не се вознемируваше што неговата репрезентација ’губи дури од Грчка.’ Си ја фати стативата и спокојно си го помина летниот распуст во Јужна Африка. :)

Фудбалерите на норвешки Од Гренланд во Купот им пукнаа петарда на колегите од Хонефос (5:1), а во дуелот претходно го демолираа и Мјондален со 6:2. Но, овие успеси не се главната причина зошто ви ја носиме оваа сторија од земјата каде фудбалот не е баш на првото место.

„Не сме задоволни од начинот на кој го завршивме Мундијалот, но Марадона е единствениот човек во Аргентина кој може да прави што сака“, рече претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина, Хулио Грондона.

Октоподот Паул од водениот парк Sea Life во германскиот град Оберхаусен ги шокираше навивачите на германската фудбалска репрезентација бидејќи прогнозираше победа на Шпанија во полуфиналниот меч од СП кој в среда ќе се игра во Дурбан .