
По два часа голема борба и продолженија, фудбалерите на Гана го повторија големиот успех на Камерун од 1990г. Асамоа Гијан го даде клучниот гол за пласман во четвртфиналето.

Веќе во осмата минута Луис Суарез ги доведе во водство Уругвајците, кои потоа необјасниво се повлекоа, а во вториот дел примија и гол. Сепак, напаѓачот на Ајакс изведе волшебен потег и со еврогол во 80 минута го однесе Уругвај во четвртфинале на СП по 40 години!

Шпанија не дозволи изненадување против незгодниот Чиле, но и двете селекции изборија пласман во осминафиналето, бидејќи Швајцарија не успеа да го совлада Хондурас.

Наместо специјалитет на денот, мечот меѓу Бразил и Португалија се претвори во вистинско мачилиште. На другиот меч Брегот на слоновата коска со победа над комунистичка Северна Кореја се прости од Јужна Африка.

Во средбата од последното коло од Е групата, Јапонија со три ефектни гола ја победи Данска, а Холандија беше премоќна и против Камерун и славеше со 2:1.

По дебаклот на Италија се одзваа најповиканите – Марчело Липи вели дека само тој е одговорен и си заминува од клупата на Азурите, Кришчито тврди дека сите се виновни, а Буфон дека заслужено се аут!

Требаше тоа некој експлицитно да им го покаже, за Италијанците да увидат дека го допреле дното. Слично како и Франција, и италијанскиот репрезентативен фудбал ќе мора да се ремонтира, ако сакаат да се вратат на старите патеки. Храбриот Нов Зеланд, за жал не успеа против Парагвај!

Иако ФИФА цело време труби дека е задоволна од судењето во Јужна Африка, од ден на ден има се повеќе судиски гафови. Последниот во низата го направи еден од најдобрите европски судии Франк Де Блекере.

Некогаш најдобриот светски фудбалер смета дека финалето помеѓу Бразил и Аргентина би било круна на Светското првенство.

Селекторот на Словенија Матјаж Кек беше разочаран откако неговата репрезентација не успеа да направи сензација и да влезе во вториот круг на Светското првенство во Јужна Африка.