
Европскиот првак беше поконкретен и имаше повеќе посед на топката, но мечот повторно беше решен од спорна ситуација. Играчот на мечот Давид Виља можеби се наоѓаше во офсајд кога беше проигран од Чави.

Неделата беше црн ден за судиите на Светското Првенство, двајцата судии кои направија големи грешки на тој ден, можат да почнат да си ги пакуваат куферите.

Осминафиналниот натпревар помеѓу Парагвај и Јапонија беше првиот кој се решаваше на пенали, а момците на Парагвај излегоа подобри од Јапонците.

Залудни беа обидите на Чилеанците да им парираат на петкратните светски шампиони. Навистина се трудеа, но избраниците на Дунга ги решија во три потези.

Лалињата во својот четврт натпревар постигнаа и четврта победа, а овојпат жртви беа Словаците кои претходно ги елиминираа Италијанците. Стрелци за Холанѓаните беа Робен и Снајдер, додека Витек од пенал го даде почесниот гол.

Претседателот на ФИФА рече дека се залага за воведување на технологија кај спорните фудбалски моменти, но кога таа помош ќе биде 100% прецизна.

Момците на Марадона заслужено изборија влез меѓу осумте најдобри на светот, но прашање е како ќе се одвиваше мечот, ако првиот гол на Тевез, постигнат од чист офсајд беше поништен. Потоа Аргентинците го искористија својот квалитет, постигнаа уште два гола и го уништија мексиканскиот сон.

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација по поразот од 4:1 од Германија, ја пофали играта на Германците и ги искритикува судиите.

Иако на Англија и беше поништен чист гол, Германците и одржаа вистинска лекција по модерен фудбал. Дури и Капело не успеа да го прероди Гордиот албион, кој со наведната глава ја напушта Јужна Африка.

Осминафиналниот дуел меѓу Германија и Англија уште еднаш докажа дека во фудбалот е потребно итно воведување на преглед на спорните ситуации. При резултат 2:1 за Германија, Франк Лампард постигна ефектен гол, кој само судиите не го видоа.