
Многу интересен беше ждребот за нокаут фазата во Лига Европа, со оглед дека таму се наоѓаа гиганти како Манчестер Јунајтед и многу силни екипи како Манчестер Сити и Порто.

Со комплетирањето на последите натпревари од групите пласман во следната фаза обезбедија Рубин, Хановер, Удинезе, АЗ Алкмар и Бриж, а елиминирани се екипите на Тотенхем и Селтик.

Фудбалерите на Лацио, Бешикташ и Салзбург синоќа осигураа пласман во нокаут фазата од Лига Европа, додека францускиот ПСЖ кој е во рацете на богатите шеици од Катар, европската авантура ја заврши пред Божиќ.

После синоќешните натпревари со кои се комплетираше 5-то коло од Лига Европа, екипите на Шалке, Локомотив, Бешикташ, Стоук, Спортинг, Твенте и Атлетик Билбао обезбедија пласман во следната фаза, а Лацио, Пари Сен Жермен и Динамо Киев до последен момент ќе стравуваат за пласман во другиот круг.

На коло пред крајот на групната фаза во Лига Европа, Тотенхем е пред елиминација откако синоќа беше шокиран на домашен терен од ПАОК (1:2), додека Атлетико Мадрид, Металист, Брага, ПАОК, Легија и Стандард обезбедија пласман во 1/16-финалето.

Ви дербито на колото Атлетико Мадрид со високи 4:0 му се реваншираше на Удинезе, додека Андерлехт остана единствена екипа со максимален ефект по четири одиграни кола и заедно со Твенте, ПСВ и Атлетик Билбао се пласираа во 1/16-финалето од Лига Европа.

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими постигна гол за екипата на Марибор во ремито со постугалскиот тим Брага. Горан Попов со својот тим Динамо Киев славеше победа над турски Бешикташ со гол во 94-та минута од натпреварот, а во дербито на ЛЕ, Удинезе со 2:0 го совлада Атлетико Мадрид.

Синоќа беше комплетирано второто коло од најмасовното фудбалско натпреварување, Лига Европа, каде Динамо Киев на нашиот Попов ремизираше со Макаби, Лацио изгуби в Лисабон, а ПСЖ во Билбао.

Синоќа беше комплетирано првото коло од новата сезона на Лига Европа каде во најинтересниот натпревар, Атлетико Мадрид го совлада Селтик, а за изненадување се погрижија Лацио и Тотенхем.

Денес на церемонијата во Монте Карло беа извлечени друпите за овогодинашното натпреварување во Лига Европа. За жал ни оваа година во фазата по групи нема да има мaкедонски претставник.