
Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике ги изненади сите гледачи на стадионот „Вембли“ и оние пред телевизиските екрани, откако по завршувањето на финалето на натпреварот против Манчестер Јунајтед, одлучи да ја извади мрежата од едниот гол и да ја земе со себе.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, во суперлативи зборуваше за играта на Барселона и достоинствено го призна поразот во финалето од Лигата на Шампионите.

Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим одиграл фантастично во финалето на Лигата на шампионите во кое каталонците славеа над Манчестер Јунајтед со 3-1 и дојдоа до четвртиот пехар од натпреварувањето.

На преполниот Вембли, тимот на Барселона ја освои четвртата шампионска титула во Лигата на шампионите, откако во големото финале го совлада Манчестер Јунајтед со 3:1 со погодоците на Педро, Меси и Виља, единствениот погодок за Манчестер беше дело на Вејн Руни.

Капитенот на Барселона, Карлес Пујол се чувствува подготвен за 90, или 120 минутна битка со Манчестер Јунајтед на вечерашното финале.

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ сонува да го освои трофејот од Лигата на шампионите и прв да го крене, како капитен на „црвените ѓаволи“.

Најелитното европско клупско натпреварување - Лигата на шампионите на клубовите и земјите кои учествуваат во финалето од турнирот ќе им донесе профит од околу 369 милиони евра.

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Роналдо, не се најде во идеалниот тим на Лигата на шампионите, а местото го загуби од легендарниот шпански фудбалер во редовите на Шалке, и неговов поранешен соиграч, Раул.

Како што информираат шпанските спортски медиуми, фудбалерите на Барселона ќе добијат по околу 650 000 фунти доколку успеат да го совладаат Манчестер Јунајтед утре на Вембли во финалето од Лигата на шампионите.

Масимилијано Алегри и Дидие Дешамп испаднаа уште во раната фаза од Лигата на Шампионите со својте тимови, но сепак го прокоментираа големото финале меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед.