
Македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев, кој во моментов настапува како позајмен фудбалер во Наполи, вели дека нема шанси да се врати во редовите на Интер.

Најуспешниот македонски кошаркарски селектор, Марин Докузовски во првите денови од новата 2012 година и официјално беше промовиран во нов тренер на бугарскиот Лукоил Академик од Софија.

Младиот голман Столе Димитриевски, кој веќе е член на Удинезе, во следните шест месеци ќе брани како позајмен играч во редовите на шпанскиот второлигаш Кадиз, објавуваат шпански медиуми.

Фудбалскиот клуб Работнички денеска се раздели со тренерот Ѓоре Јовановски и неговиот стручен штаб, а причина за тоа се корејски акционери што ќе влезат во клубот и ќе си донесат свој менаџер.

Меѓу оние медиуми кои со восхит гледаат на настапот на Македонија на Евробаскетот во Литванија е и хрватскиот „Sportnet“, чии новинар Марио Мајдиќ напиша брилјантен текст во кој го опиша достигнувањето на нашите херои.

Крајот на календарската година се ближи, па ова е време кога се оценува вложениот труд низ целата година, како и резултатите кои биле постигнати за тоа време. Карате клубот „Макпетрол“ макотрпно работеше низ целата измината година, постигна досега невидени резултати кои беа вреднувани од страна на неколку спортски менифестации деновиве.

Како што е веќе познато Ненад Димитријевиќ прикажа неколку фантастични партии за екипата на Хувентуд на турнирот за младинци што се одржа во Шпанија, со што си осугура 4-годишен договор со шпанската екипа.

Македонската ракометна репрезентација на првиот пријателски натпревар во рамките на подготвителниот циклус за престојниот Евро шампионат во Србија, ја совлада репрезентацијата на Црна Гора со 40-33.

Синоќа од 20 часот во Градскиот парк во Скопје, македонските кошаркарски ѕвезди одиграа хуманитарен натпревар со странците во Првата лига во организација на Универзитетот ФОН и Кошаркарската федерација на Македонија.

Александар Ставрев е првиот Македонец што влезе во друштвото на 40-те најдобри фудбалски судии во Европа, со одлука на судискиот комитет на Европската куќа на фудбалот (УЕФА).