
Големото срце што ракометарите го оставаат на терен, борбеноста, желбата и пред се самоувереноста во дуелите со фаворитите се пример за сите спортисти, како треба да се игра за националниот тим и да се бранат боите на Македонија. Вака Фудбалската федерација на Македонија им го честита успехот на македонските ракометари кои на Европското првенство во Србија го освоија петтото место.

Срамота! За ЕХФ и за организаторите на ова ЕП во ракомет, Кире Лазаров не е избран за во тимот на првенството. Ракометарот кој постави рекорд како најдобар стрелец во историјата, а исто така е и втор најдобар асистент, не влезе меѓу најдобрите 7 на првенството. За МВП е избран српскиот бек Момир Илиќ.

Повеќе илјади граѓани на плоштадот „Македонија“ ги дочекаа ракометарите кои од Србија се вратија како петта европска ракометна сила. Капитенот Кире Лазаров е убеден дека историскиот успех ќе се повтори на Летните Олимписки игри во Лондон, а селекторот Шундовски кажа дека Европа сега ја смета Македонија за европска велесила.

Македонската репрезентација во драматична завршница ја победи селекцијата на Словенија и го освои 5-то место на Европското првенство, а нашиот капитен Кире Лазаров ја промени историјата.

Македонија денес против Словенија ќе игра за 5-то место на Европското ракометно првенство, но и за местото во квалификациите за ЛОИ 2012 кое нуди можност за наше прво екипно учество на Олимпијадата, што е сон за нашите ракометари.

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе ги спротивстави силите со словенечката репрезентација во борба за петто место на Европскиот шампионат и место за олимписки квалификации.

Горе – Македонци, долу – Македонци, лево и десно – исто. Покрај мене – македонски колеги. Вака изгледаше натпреварот Србија – Македонија од перспективата на местото за репортери синоќа во белградска Арена, пишува денеска новинарот на српски „Телеграф“.

Нашата ракометна репрезентација во недела ќе го дознае својот противник за бараж натпреварот за пласман на Светското првентво наредната година во Шпанија, а добрата вест е што ќе бидеме во првиот шешир.

Со одлична игра на теренот, со феноменална публика на трибините, ракометната репрезентација на Македонија го постигна својот историски успех на Европското првенство во Србија.

Откако пред три години на Светското Првенство во Хрватска, Лазаров стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства, сега на повидок е нов рекорд.