03/10/2011 13:43
Sportski.mk

Раководството на ФК Вардар преку соопштение се огради од начинот на навивање на навивачите на клубот за време на дерби натпреварот против Шкендија во саботата во Скопје.

30/09/2011 12:54
Sportski.mk

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Предраг Самарџиски, со 7 постигнати поени дебитираше за својот нов клуб Литвос Ритас. Во квалификациите за влез во Евролигата, синоќа во Вилнус на еден од квалификациските турнири, Литванците славеа над Будуќност со 83-64 и обезбедија место во полуфиналето, каде противник ќе им биде загребска Цибона.

28/09/2011 16:38
Sportski.mk

Нашиот репрезентативец капитен, Антиќ веднаш по симнувањето од авионот беше пречекан од грчките новинари кои го ’бомбардираа’ со секакви прашања.

27/09/2011 12:24
Sportski.mk

Тодор Гечевски од Грција, од редовите на ПАОК, се сели во Левски, во Бугарија. Договорот се уште не е потпишан, но тренерот Папазов речиси со сигурност тврди дека македонскиот центар ќе игра за Левски во претстојната сезона.

26/09/2011 16:58
Sportski.mk

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Џон Тошак, го соопшти списокот од 20 фудбалери на кои ќе смета за претстојните квалификациски натпревари за ЕП 2012, против Ерменија и против Словачка.

23/09/2011 17:00
Sportski.mk

Тоа што веќе неколку денови се најавуваше сега стана официјално. Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ кариерата ќе ја продолжи во грчкиот гигант Олимпијакос.

23/09/2011 14:20
Sportski.mk

Американскиот весник „Ју-Ес-Еј Тудеј“ прогнозира дека Македонија нема да освои никаков медал на Олимписките игри во Лондон. Американскиот дневен весник направил детална анализа и на основа на резултатите и формата на спортистите во 2011 година направил виртуелна табела на медали, која се ажурира секој месец.

23/09/2011 12:16
Sportski.mk

Македонските кошаркари со право сеуште живеат во еуфорија, откако го освоија четвртото место на ЕП во Литваија и беа маестрално пречекани на плоштадот во Скопје.

22/09/2011 16:08
Sportski.mk

Лестер Бо Мекејлеб пред своето заминување за Сиена, каде што настапува за клубот Монтепаски, за весникот „Нова Македонија“ изјави дека на неговите роднини и пријатели во Њу Орлеанс не можел да им опише што доживеал по враќањето од ЕП во Литванија, и дека е среќен што сега Македонија сите ќе ја знаат како кошаркарска земја.

22/09/2011 13:00
Sportski.mk

Кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и Русија за третото место на Европското првенство во Литванија, е најгледаниот настан во Македонија. Имено, близу половина милион гледачи, или точно 480.000 Македонци го проследиле овој натпревар во живо.

<< 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 >>
Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0881][44]