
Селекторите на националните „А“ и „У-21“ репрезентации, Џон Тошак и Бобан Бабунски, доставија заедничка пријава до претседателот, управниот одбор и генералниот Секретар на ФФМ за разгледување на изјавите и тврдењата на одредени играчи а во врска со изборот на фудбалери за националните тимови со критериум друг освен фудбалскиот и за наводното ’плаќање’ за играње во репрезентацијата.

Словенецот Роберт Певник е единствениот странец кој како тренер работи во македонската Прва лига. Тој во изминатите четири месеци имаше можност подлабоко да се запознае со приликите и неприликите во македонскиот фудбал.

Плејмејкерот на македонската кошаркарска репрезентација Владо Илиевски ќе го пропушти првиот дел од подготовките за квалификацискиот турнир во Венецуела за пласман на Олимписките игри во Лондон.

Селекторот на младата македонска фудбалска репрезентација Бобан Бабунски, под чие водство надежите имаат одлична серија од 13 меча без пораз, ја објави стратегијата за создавање македонски стил и модел на игра, кој многу на ликува на моделот на Шпанија.

Актуелниот македонски првак, Металург, кој се наоѓа на чекор до одбрана на титулата, доби уште една битка против големиот ривал Вардар Про.

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година забележа победа од 1-0 на квалификацискиот меч против Северна Ирска за пласман на ЕП 2013 година во Израел.

Женскиот ракометен клуб Вардар, кој е со нова сопственичка структура и е засилен со звучни ракометни имиња, го претстави својот амбициозен план за следната година, и најави потрес во македонскиот женски ракомет, каков што не е почувствуван уште од најдобрите денови на Кометал Ѓорче Петров.

Македонскиот интернационалец Дарко Тасевски кој ги бранеше боите на софиски Левски од следната сезона ќе настапува за израелскиот Ирони Киријат Шмона.

Комисијата за лиценцирање при Фудбалската Федерација на Македонија денес во 13 часот го одржа својот состанок и ги разгледуваше само барањата за лиценца на клубовите кои се пријавија за учество во натпреварувањата во организација на УЕФА за сезона 2012/2013.

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Ристе Стефанов, кој во моментов настапува за грчкиот клуб Илисијакос, доби тримесечна суспензија од грчката ЕСАКЕ - лига затоа што играл допингуван на еден од натпреварите оваа сезона.