03/02/2012 16:48
Sportski.mk

Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Попов полека започна да се врати активно на тренинзите по операцијата на коленото која го оддалечи од терените во изминатиов период.

03/02/2012 15:01
Sportski.mk

Вчера официјално беше потврди учеството на македонската ватерполо репрезентација на квалификацискиот турнир за Олимписките Игри во Лондон, што ќе се одржи во Едмонтон, Канада, од 1-ви до 8-ми април.

03/02/2012 12:20
Sportski.mk

Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално му се извинила на Кире Лазаров за неправдата што не само што не го вклучила во идеалниот тим, туку и не го избрала за најдобар играч (МВП) на неодамнешното Европско првенство во Србија.

01/02/2012 13:51
Sportski.mk

Владо Илиевски од денеска и официјално е нов член на екипата на Локомотив Кубан, со што македонскиот плејмејкер и дефинитивно стави крај на лошите неколку месеци како кошаркар на Анадолу Ефес.

01/02/2012 10:32
Sportski.mk

На синоќешната жрепка во Каракас, кошаркарската репрезентација на Македонија беше носител на групата Д и за противници во квалификациите за пласман на ЛОИ во Лондон ги доби селекциите на Нов Зеланд и на Ангола.

31/01/2012 13:35
Sportski.mk

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва од 22:30 часот во Каракас, Венецуела, ќе ги добие противниците за групата од квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Лондон.

31/01/2012 10:59
Sportski.mk

Европското ракометно првенство во Србија на кое Македонија заврши на 5-то место ги собори сите рекорди на гледаност. Двонеделниот ракометен турнир на најдобрите европски репрезентации го гледале повеќе од 300.000 навивачи.

30/01/2012 15:37
Sportski.mk

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Македонската опера и балет свечено им додели “медали за заслуги за Македонија“ на нашите ракометни репрезентативци кои го освоија петтото место на Европското првенство во Србија.

29/01/2012 19:58
Sportski.mk

Македонската ракометна репрезентација од 6-ти до 8-ми април ќе игра на квалификациски турнир во Гетеборг, со селекциите на Шведска, Унгарија и Бразил, беше одлучено откако Данска го освои првото место на Европското првенство.

29/01/2012 19:25
Sportski.mk

Големото срце што ракометарите го оставаат на терен, борбеноста, желбата и пред се самоувереноста во дуелите со фаворитите се пример за сите спортисти, како треба да се игра за националниот тим и да се бранат боите на Македонија. Вака Фудбалската федерација на Македонија им го честита успехот на македонските ракометари кои на Европското првенство во Србија го освоија петтото место.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 >>
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0266][75]