
Раководството на Шалке веќе почна да бара заменици на Мануел Нојер, откако тој на денешната пресконференција со солзи во очите соопшти дека го напушта клубот и најверојатно се сели во Баерн Минхен.

Капитенот на Шалке, Мануел Ноер со сигурност ќе го напушти клубот. Германскиот репрезентативец објави дека одбил да го продолжи договорот со клубот, кој истекува на 30 Јуни 2012 година.

Медиумите во Германија денес пренесоа дека голманот на Шалке и германската репрезентација Мануел Ноер е блиску до преселба во Баерн Минхен, а истото го потврдија и раководните луѓе на Баварскиот гигант.

Според пишувањата на медиумите од Германија, Шалке планира да му понуди нов договор на Мануел Ноер вреден 7 милиони евра по сезона.

Двете фантастични крила, Франк Рибери и Ариен Робен ќе останат во Баерн Минхен и во следната сезона, без оглед на тоа дали баварскиот гигант ќе се пласира во Лигата на шампионите, објавија од германскиот клуб.

Легендата на Баерн Минхен и германскиот фудбал, Франц Бекенбауер изјави дека холандскиот стратег требало да биде сменет порано, но исто така му оддаде признание за тоа што го направил Ван Гаал.

Иако требаше да ја заврши сезоната на кормилото на Баерн, Ван Гал сепак не успеа да ја оправда преостанатата доверба кај управата на Баерн.

Играчот на Бенфика Фабио Коентрао им стави крај на амбициите на германскиот гигант Баерн да го донесе во Минхен ова лето.

Денес на програмата е првиот четврт финален натпревар од ЛШ помеѓу Интер и Шалке, а напаѓачот Клас-Јан Хунтелар проговори за неговиот поранешен тренер Леонардо, кој сега го предводи Интер.

Претседателот на Шалке, Клеменс Тониес вели дека управата на клубот нема да го продаде Мануел Ноер з апомалку од 30 милиони евра.