
Легендарниот голгетер на Милан, Пипо Инзаги, кој наодамна уште еднаш ја потврди својата класа, побара поголема минутажа или во спротивно ќе размислува за сменување на средината.

Како што известуваат италијанските медиуми, Џенова денес му врачи отказ на својот тренер после серијата на слаби резултати.

Силвио Берлускони вети дека финансиски ќе го подржи планот на тренерот Масимилиано Алегри, за подмадување на екипата на Милан. Први на листата на желби се напаѓачот на Ливерпул, Фернандо Торес и десното крило на Манчестер Јунајтед – Нани.

Европскиот шампион Интер, најверојатно ќе биде лишен од услугите на стоперот Валтер Самуел до крајот на сезоната, поради тешка повреда. Па според италијанските медиуми ќе тргнат во потрага по нов дефанзивец.

Во 10-то коло во Серија А се играше и Римското дерби кое го доби Рома со головите на Бориело и Вучиниќ, и двата од пенал.

Мино Раиола, кој е еден од најдобрите фудбалски агенти но и најконтраверзен истовремено, сега открива присни детали за неколку фудбалери и клубови кои се многу интересни.

Играчот за врска од Интер, Весли Снајдер, вели дека Португалецот e најзаслужен за тројната круна која ја освои Интер, и дека минатата година најмногу напредувал во кариерата.

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, изјави дека поради неговите позиции на теренот повеќе би сакал Инзаги да ги почнува натпреварите.

Камерунскиот напаѓач на Интер, Самуел Ето, откри дека пред две години бил пред трансфер во Рома.

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри не го сокри разочарувањето дека неговиот тим не успеал да земе три бода против Реал Мадрид.