
Претседателот на Интер, Масимо Морати сака да му нанесе голем удар на својот градски ривал Милан, и пробал со непристоен предлог да го привлече тренерот на ’росонерите’ Масимилиано Алегри да седне на кормилото на неговиот тим.

Иднината на Бразилецот Алесандре Пато во Милан е неизвесна, а според медиумите во Италија и Франција напаѓачот е многу блиску до преселба во Париз.

Поранешниот напаѓач на Парма и Милан веќе шест месеци се наоѓа на излезна врата од Фиорентина, па според италијанските медиуми неговиот трансфер во Џенова е веќе завршена работа.

Сензационални вести пласираа медиумите во Франција, поточно спортскиот весник „RMC Sport“, кој објави дека Алесандре Пато ќе потпише за ПСЖ на 4 јануари, а неговиот трансфер ќе тежи 50 милиони евра.

Нова афера ја тресе Италија, откако еден од обвинетите за местење натпревари спомена три имиња на фудбалери кои се кладеле. Покрај дуелот Лече и Лацио, наместени биле и мечевите Лацио - Џенова и Палермо - Бари. Се очекуваат нови апсења.

Раководството на Јувентус активно работи на засилување на составот во зимскиот преоден рок, и според последните информации од медиуми ’старата дама’ веќе ги договорила трансферите на Мартин Касерес од Севиља и Марко Бориело од Рома.

Италијанскиот гигант од Милано е спремен во јануарскиот преоден рок да го продаде Весли Снајдер со цел да го наполни својот буџет, а Манчестер Јунајтед будно ја следи ситуацијата и е спремен да плати за Холанѓанецот.

Напаѓачот на Милан, Алесандре Пато даде шокантно интервју за „Кориере дело спорт“ во кое јавно го искажа своето незадоволство од тренерот Алегри и неговиот пристап.

Кој се крие под белата брада на Дедо Мраз? Во овој случај се работи за легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, кој оваа сезона иако сеуште не дал гол, знае како да ги развесели навивачите на својот клуб, а најмногу децата!

Неименуван извор кој дирекно учествувал во истрагата на „Калчополи“ даде шокиантно интервју за италијанските медиуми во кое призна дека целата таа приказна била ’пренагласена’ и дека тие како обвинителство никогаш не нашле, како што вели „вистински наместен натпревар“.