
Ѕвездата на Борусија Мехенгладбах, Марко Ројс кој беше мета на многу европски клубови од јули годинава ќе се пресели во редовите на Борусија Дортмунд за сума од 17,5 милиони евра.

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк изјави пред медиумите дека нема намера да го продава Марио Геце, но доколку некој му понуди една милијарда евра, е тогаш би размислил.

Големата ѕвезда на Тотенхем, Герет Бејл е трансферна цел број еден на Барселона за летниот преоден рок, тврдат англиските медиуми.

Андре Виљас-Боаш, има голема доверба во својот поранешен фудбалер со кој минатата година успеа да дојде до два три трофеја, но и самиот Хулк посакува повторно да соработува со Португалецот.

Економската рецесија не ги зафати фудбалските клубови од најсилните европски лиги, кои потрошија повеќе од две милијарди евра на засилувања во 2011 година. Најголем дел од таа сума, дури 1,6 милијарди беа потрошени за време на летниот преоден рок, најмногу благодарение на богатите арапски газди на клубови како Манчестер Сити и ПСЖ.

Агентот на еден од најталентираните играчи во Европа, Еден Хазард открива дека голем број на клубови се заинтересирани за неговиот клиент, но дека Манчестер Сити засега е нај конкретен и е најблиску до ангажман на Белгиецот.

Претседателот на Коринтианс, Роберто Андраде откри пред медиумите дека бразилскот клуб не се откажал од намерата да го врати во своите редови Карлос Тевез и дека повторно ќе се вратат во трката за неговиот потпис.

Спортските медиуми ширум Европа најавуваат заминување на Игуаин од Реал Мадрид, а како најсериозни кандидати за неговиот потпис се Јувентус и Челзи.

Претставници на Манчестер Сити и на Милан синоќа се сретнаа во Лондон каде имаа двочасовни преговори во врска со трансферот на Карлос Тевез.

Според англиските медиѕми екипата на Челзи сака да го ангажира српскиот репрезентативец Милош Красиќ, и веќе испратиле понуда за позајмица во јануасркиот преоден рок.