
Македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев синоќа на натпреварот против Аталанта ги загуби нервите и направи крајно неспортски потег со кој заработи црвен картон.

Боливискиот фудбалер и член на Боливар, Јасмани Кампос е новиот хит на Јутјуб после брилјантниот погодок кој го постигна во првенствената победа против Реал Маморе.

Хатем Бен Арфа на натпреварот против Болтон лесно се прошета со топката од својата половина па се до противничкиот гол сместувајќи ја топката во мрежата.

Голманот на Ал Џазира, Али Хосеф, на мечот против Естеглал, им покажа на сите голмани на овој свет како на креативен начин да го задржуваат времето, а да не добијат жолт картон.

Фудналерите на Лацио во саботата дојдоа до исклучително значајни бодиви во борбата за третото место во Серија А и пласман во ЛШ.

Несекојдневен настан се случи во понската шпанска лига на натпреварот помеѓу Рајо Валекано Б и Толедо, кога фудбалерот Роберто Енцинас од голема радост заради постигнатиот погодок на својата екипа во 90-та минута, му пријде на судијата Себалос Силва и силно го бакна.

Навивачите на Реал Мадрид не ја забораваат легендата на клубот Раул Гонзалез. На аеродромот во Билбао меѓу насобраните беа и навивачите на Реал Мадрид кои му порачаа на Раул дека секогаш ќе биде дел од кралскиот клуб.

Фудбалерот на Челзи Рамиреш синоќа на натпреварот против Бенфика при резултат 1:0 промаши во ситуација од која е потешко да се промаши отколку да се постигне гол.

Фудбалерот на Бари Андреа Масиело е осомничен за местење на осум натпревари минатата сезона, меѓу кои и натпреварот Бари-Лече, на кој тој постигна автогол.

Натпреварот за шампионска титула во провинцијата Серипано им припадна на фудбалерите на Серпе, но мечот го одбележа собирачот на топки од домашниот тим Гуарани кој во самиот финиш предзвика голема смеа, кога одлучи да одбрани гол после контрата на гостите.