
Мануел Пресијадо, тренерот на Спортинг Хихон, со шише го гаѓаше автобусот на Реал, а потоа ги ’поздрави’ со фаќање за гениталиите, откако неговата екипа беше поразена на домашен терен со 1:0.

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид и германската репрезенатација, Месут Озил смета дека неговиот тим ќе ја победи Барселона во престојното Ел Класико.

Играчот од средниот ред на Барса, вели дека пополека се вклопува во новиот клуб и системот на игра, и дека многу учи од тренерот Пеп Гвардиола.

Првиот овозенски ’Ел Класико’, дербито помеѓу Барса и Реал на Камп Ноу ќе се одигра во понеделник – потврдија челниците на Шпанската фудбалска федерација.

Синоќешниот црвен картон на Мурињо, за време на натпреварот на шпанскиот куп против Мурсија е поради реприката на „специјалниот “ кон судијата: „Иди во пи... матер“, откри самиот судија во соопштението за натпреварот.

Тренерот на Барселона, Жосеп Гвардиола го блокирал трансферот на Маесут Озил, бидејќи сметал дека младиот Германец ќе го кочи развојот на младинците од Барса, открива денешното издание на шпански Спорт.

Истражувачкиот центар за историја и статистика во шпанскиот фудбал, во својата студија ја прогласи Барселона за најдобар шпански тим во последната деценија.

Освен тоа што е еден од најдобрите тренери на денешницава, Жозе Мурињо е и ’крал на дерби натпреварите’. Од вкупно 34 колку имал во својата тренерска кариера изгубил само 3.

Аргентинецот Лионел Меси овојпат не постигна неверојатен погодок или предрибла неколкупротивнички играчи, но со луцидни потези ја уби одбраната на Гетафе и е заслужен за сите три гола на Барса. Во градското дерби Реал за шест минути го среди Атлетико кој во овој век сеуште го нема победено кралскиот клуб.

Аке сте се прашале некогаш што тоа Мурињо пишува во својата тетратка за време на натпреварт, сега имате и прилика да видите. Кој знае можеби некој со ова тајна ќе стане новиот ’The Special One’.