
Рафаел Ван дер Ваарт и Габриел Хајнце се новите фудбалери на кој Пелегрини им даде до знаење дека не се во неговите планови за наредната сезона.

Претседателот на Барселона Хуан Лапорта изјави дека трансферот на Ибрахимовиќ од трансферите на Роналдо и Кака доста се разликува бидејќи Каталонците не се задолжиле во банките.

Златан Ибрахимовиќ и официјално е новиот фудбалер на Барселона. Тој потпиша 5 годишен договор со клаузула за откуп од 250 милиони евра. Целосната вредност на трансферот изнесува 66 милиони евра.
Златан Ибрахимовиќ ги помина лекарските прегледи во Барселона и сега се очекува тој и официјално да и биде презентиран на јавноста ширум светот.

Откако Златан Ибрахимовиќ пристигна во Барселона, имаше 15 минутна посета на Камп Ноу каде што се сликаше, а потоа и даде интервју за Barca TV.

Тренерот на Барселона Пеп Гвардиола проговори за тоа што добива тимот со доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ ма Камп Ноу.

Жолтата подморница се договори со напаѓачот на бразилски Интернасионал од Порто Алегре. Нилмар да Силва потпиша петгодишен договор.

Вечерва Каталонците на својата официјална страна објавија дека Златан Ибрахимовиќ ќе дојде на Камп Ноу во недела на лекарски прегледи, а потоа и ќе потпише 5 годишен договор со клубот.

Како што известуваат бразилските медиуми ѕвездата на Интернасионал и поранешен фудбалер на Лион Нилмар се наоѓа пред потпис со Виљареал.

Како што изјави легендата на уругвајскиот фудбал Даниел Фонсека кој сега е агент на Мартин Касерес, Јувентус и Касерес ги договориле условите и сега се чека уште на Барселона.