
Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ во неверојатно драматичното финале успеа да слави во пет сета со 5-7, 6-4, 6-2, 6-7, 7-5 над големиот ривал Рафаел Надал и да ја одбрани титулата на Австралија опен.

Ракометарите на Данска се новите владетели на Стариот континент. Репрезентацијата која повеќе од среќно успеа да дојде до победа над нашата репрезентација во групните натпревари, во финалето со 21-19 славеше над домаќинот Србија сосема заслужено стигнувајќи до европската круна.

Рафаел Надал избори пласман во финалето на Австралија Опен, после вистински фајтерски натпревар со Роже Федерер, со вкупни 3:1.

Викторија Азаренка и Марија Шарапова ќе се сретнат во големото финале на Австралија опен, а победничката од овој меч покрај гранслем титулата, ќе се искачи и на првото место на ВТА-листата.

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ со 3-1, по сетови (6-1, 6-3, 4-6, 6-3) славеше над австралискиот ас Лејтон Хјуит и се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен.

И Белград ќе биде обоен црвено-жолто! И таму ’момчето ќе излезе на тераса’, за да ги поздрави најдобрите македонски ракометари. Македонија ја совлада Чешка со 27:21.

Македонските кошаркарски репрезентативци Лестер Бо Меккејлеб и Перо Антиќ со половичен успех ги започнаа натпреварувањата од фазата топ 16 во елитната Евролига.
Беспоштедната борба на нашите најдобри ракометари за жал на крајот на мечот не вродија со резултат. Се постави и прашањето, дали шутот на Лазаров во последните моменти ја помина гол линијата или не?

>Македонската машка ракометна репрезентација вечер со почеток од 19 часот и 30 минути против селекцијата на Шведска ги стартува настапите на Европското првенство во Србија.

Ниш подготвено го чека секој Македонец деновиве на Европското ракометно првенство свесен дека нашите навивачи се тие кои го носат духот на едно големо европско натпреварување.