
Бугарија може да биде домаќин во Формула 1, доколку за тоа се договорат челниците на ФИА со потенцијалните бугарски организатори на состанокот кој ќе се одржи за време на трката во Нирнбуринг од 10 до 12 јули.

Осум тимови од Формула 1 кои се одлучија да стартуваат со сопствено натпреварување сепак се откажаа од своите намери. Цехот го плати претседателот на ФИА кој конечно се повлекува идната година.

Возачот на Ред Бул Себастијан Фетел триумфираше за Големата Награда на Велика Британија на патеката Силверстоун. Неговиот клубски колега Марк Вебер беше втор и со тоа Ред Бул втор пат сезонава после Кина си обезбеди еден-два победа.

Себастијан Фетел ја освои својата трета пол позиција оваа сезона и втора едно по друга. Тој утре ќе ја предводи последната трка која ќе се одржи на Силверстоун. После утре Силверстоун оди во историја.

Ниту на последниот состанок на претставниците на ФИА и ФОТА (Здружението на Ф1 тимови) не е постигнат договор за правилата за следната сезона, пред се по прашањето за ограничување на буџетот на 45 милиони евра.

Британецот Џенсон Батон уште еднаш победи. Овојпат ја освои Големата Награда на Турција. Шест победи во седум трки и веќе се знае кој ќе биде шампион оваа сезона.

Возачот на Ред Бул Себастијан Фетел ја освои својата втора пол позиција сeзонава или трета во неговата кариера.

Германски Билд излезе со информација дека британскиот возач Џенсон Батон се обложил на себеси пред почетокот на сезоната.

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон призна дека одбраната на титулата сезонава е завршена работа и се надева дека ќе станат поконкурентни на Браун ГП на крајот од сезоната

Уште една победа на Батон, 5-та сезонава во 6-те трки досега одржани. Трета еден-два победа на Браун со што се навистува голема доминација на овој тим сезонава во Ф1.