
После овој натпревар кој го одигравме со Франција можеме да заклучиме дека нашите спортисти премногу се замараат со нивните противници пред натпреварите...
Со завршувањето на 3-то коло во фазата по групи познати се и учесниците и групите за втората фаза...

Иако нашите момци водеа по првото полувреме со убедливи 14 разлика, во второто, тотално го загубивме компасот и на крајот бевме поразени со 81-71...

Дури пет репрезентации се со 100% учинок по првите две кола. При тоа во групата Д имаме две селекции, дмоаќинот Полска и Турците. Германија која е без Новитцки го изненади актуелниот европскиот првак Русија...

Прва победа на македонската кошаркарска репрезентација на едно големо натпреварување. Најпосле им вративме на Израелците за двата порази во последните моменти во Тулуз и Менорка. Со оглед на тоа дека Грција ја совлада Хрватска ние веќе се пласиравме во наредната фаза...

Првиот ден на европското првенство во кошарка кое се одржува во Полска помина. Најголемо изненадување е победата на Србија над фаворитот за освојување на титулата, актуелниот светски првак Шпанија.

Врбица Стефанов ја пофали публиката која ја имаше во околу 500 во салата во Познан и му беше жал што мораше да видат вака бледо издание на македонската кошаркарска репрезентација.

Чекавме цели 10 години за настап на ЕП, го добивме, и стартот е разочарувачки. Грците во натпревар кој што секој Македонец го очекуваше, едноставно не згазија, 86:54.

Денес со почеток во 16:30 започнува Европското првенство во кошарка кое до 20-ти септември ќе се игра во Полска. Бранители на овој трофеј се Русите кои пред две години во Шпанија токму против домаќините со поените на Џеј-Ар Холден во последната секунда ја освоија оваа титула.

Пo цели 10 години нашата кошаркарска репрезентација , одново е на едно големо натпреварување. По Франција 99-та, сега Полска влегува во нашата кошаркарска историја. Во група со силните Грција, Хрватска и Израел, ќе ја бараме шансата за што подобар резултат...