
Сензација, делириум, величествена победа на македонските лавови против домаќинот Литванија! Македонското срце најголемо беше пресудно во мечот против фаворизираниот домаќин. Одиме во борба за медали!

Во пресрет на вечерашниот четвртфинален натпревар против домаќинот Литванија, нашиот најдобар кошаркар Бо Мекејлеб, и еден од најдобрите воопшто на турнирот, изјави дека атмосферата во тимот е одлична и без притисок зошто Македонија едноставно нема што да загуби.

Македонските кошаркари продолжуваат со феноменалните игри на ЕП во Литванија, а последната репрезентација која настрада од нашите ’Лавови’ и заради нас беше испратена дома, е селекцијата на БиХ.

Можеби Грција се обидува секаде каде што може да го избрише нашето име, но ние ги избришавме нивните кошаркари. Најслатката победа во историјата на македонскиот спорт.

Откако и во вториот меч, против Нов Зеланд славеа минимално со 68:67, македонските најдобри кошаркари го освоија турнирот Трофеј Македонија.

Кошаркарската репрезентација на Македонија иако поразена од Босна со 83:71, сепак се пласира на завршницата од Светското првенство кое ќе се одржи во Литванија.

Дека Македонија изобилува со спортски бисери потврдува и шпанското издание на „Марка„ кое пишува за нашиот ’вундеркинд’ Ненад Димитриевиќ.

Пред преполната сала „Борис Трајковски“ во Скопје, нашите најдобри кошаркари пружија феноменална партија, прегазувајќи ја Велика Британија со 75-56. Само теорија може да не спречи од ЕП во Литванија.

Во екстра лесен натпревар, македонските репрезентативци ја поразија и Унгарија со 78:44 и запишаа уште два бода на патот кон Летонија 2011 година.

Македонската кошаркарска репрезентација одлично стартуваше на квалификациите за ЕП. Совладана е Украина на гости со 58:71 (31:30).