
Екипата на Чикаго Булс се пласира во финалето на Источната конференција, по триумфот на гости од 93:73 над Атланта за конечни 4-2 во серијата.

Леброн Џејмс најпосле најде начин како да го елиминира Бостон. ’Жешките’ се пласираа во финалето на источната конференција по победата на домашен терн од 97:87 за вкупни 4-1 во серијата.

Тимот на Далас Маверикс го надигра Лос Анџелес Лејкерс со 122:86 во четвртиот натпревар од серијата помеѓу двата титма и на тој начин славеше во полуфиналето на Западот со 4:0 по победи.

Екипата на Далас славеше и во вториот натпревар во Стејплс центарот против ЛА Лејкерс со 93:81 и поведе со 2-0 во полифиналето на Западот.

Бекот на Чикаго Булс, Дерик Роуз е прогласен за најкорисен играч на регуларниот тек на НБА лигата.

Тимот на Мајами Хит успеа да стигне до победа со 99:90 над Бостон Селтикс во првиот натпревар од долгоочекуваниот двобој на двата тима во полуфиналето на Источната конференција.

Тимот на Мемфис Гризлис ја направи првата сензација во плејоф разигрувањето на НБА лигата оваа сезона, откако го елиминираше Сан Антонио Спарс уште во 1/4-финалето на Западната конференција.

Тимот на Чикаго Булс се пласираше во полуфиналето на Источната конференција откако победи во петтиот натпревар со Индијана Пејсерс со 116:89.

Тимот со најдобри показатели во Западната конференција на НБА во редовната сезона - Сан Антонио е на пат од сензационална елиминација уште во првото коло од плејофот.

Шампионите во НБА лигата, тимот на ЛА Лејкерс успеаа да ја забележат првата победа во плеј-оф завршницата на најсилното кошаркарско натпреварување во светот откако славеа над Њу Орлеанс со 87:78 и на тој начин израмнија во серијата на 1:1.