
Познати се стартните петорки на Западната и Источната конференција за „Ол стар“ натпреварот од НБА лигата кој на 26 февруари ќе се игра во Орландо.

Откако на стартот од сезона кошаркарите на ЛА Лејкерс загубија дома од Чикаго, и на вториот свој сезонски натпревар ’езерџиите’ загубија, овој пат од Сакраменто со 100-91. Неочекуван пораз доживеа и актуелниот шампион, кој загуби од Денвер.

По долго чекање, кошаркарски фанови ширум светот конечно се израдуваа на почетокот од новата НБА сезона. Во премиерниот натпревар што се одигра во „Медисон Сквер Гарден“, кошаркарите на Њујорк Никс во крајно возбудлива завршница успеаја да слават со 106-104 над Бостон. Во реприза од минатогодишното финале, екипата на Мајами лесно славеше на гостувањето против шампионот Далас со 105:94.

Скратената НБА сезона не е ни почната, а Лејкерси се во големи проблеми. Коби Брајант не играше во последниот подготвителен натпревар против градскиот ривал Клиперс, бидејќи две ноќи порано против истиот противник доживеа повреда.

НБА лигата, по крајот на локаутот, го објави комплетниот календар за новата натпреварувачка сезона. Сезоната започнува на 25-ти декември со реприза од минатогодишното финале помеѓу Далас Маверикс и Мајами Хит и уште четири други натпревари.

Сопствениците на НБА клубовите и Здружението на играчи постигнаа привремен договор што значи крај на петмесечниот локаут во најсилната кошаркарска лига.

Унијата на НБА кошаркари ја одби последната понуда од сопствениците на клубовите и најави тужба против нив по што шансите за одигрување на сезоната 2011/12 стануваат минимални.

Најновата рунда на преговори траеше дури 11 часа, но двете страни не успеаја да постигнат договор за прекин на локаутот, па така комесарот на лигата, Дејвид Штерн им достави нова последна понуда од играчите на која треба да одговорат во најкус можен рок.

Сопствениците на клубовите и претставниците на играчите одржаа состанок кој траеше околу 15 часа на кој се дискутираше за спасување на сезоната во НБА лигата.

Сезоната во НБА лигата дополнително ќе биде скратена откако двете спротиставени страни не успеаја да пронајдат заеднички јазик ниту по најновата рунда на преговори.