
Сопственикот на Голден Стејт Вориорс Крис Кохан постигна договор за продажба на тимот за рекордни 450 милиони $ на Џо Лакоб сопственик на акции во Бостон Селтик и на Питер Губер извршен директор на Менделеј Ентертеинмент. Губер беше продуцент на познати филмови како Дождовниот човек, Бетмен, Флешденс, Бојата на пурпурот. Лакоб и Губер го победија во трката по Вориорс Лари Елисон, извршниот директор на Оракл чие богатство тежи 28 милијарди долари и кој што имаше највисока понуда. Но сопственикот на клубот одлучи да не го продаде клубот на него. И покрај тоа, ова е најголем износ платен досега за НБА екипа. Претходно најмногу плати Роберт Сарвер кој се искешира 401 милион долари за Феникс Санс. За да стане правосилен договорот мора да биде одобрен од ¾ членови од Одборот на Гувернери на НБА, а Лакоб мора да ги продаде своите акции во Бостон Селтикс. Кохан имаше финансиски проблеми и должеше 160 милиони $ такси и пенали кон државата од продажба на компанија за кабловска телевизија. Тимот на Голден Стејт го купи во јануари 1995 за 119 милиони $ и сега го продаде за речиси четирикратно повеќе.

Леброн Џејмс од Кавалирс, водечката ѕвезда на американската кошарка, конечно ја заврши неизвесноста каде ќе ја продолжи кариерата. Го одбра Мајами, на што навивачите во Кливленд целосно подивеа. Полицијата цела ноќ имаше полни раце работа.

Драма во режија на Лос Анџелес Лејкерс. Во седмиот меч пред своја публика, во последната минута од мечот Бостон Селтикс потклекна и не успеа да го освои 18 прстен.

Во НБА синоќа се одиграа само 4 натпревари. За одбележување е 13-от пораз во серија на Минесота. Првиот пик од 2007-та Грег Оден имаше рекордни во кариерата 24п...

Во синоќешните натпревари во НБА, нови победи забележаа Орландо, Бостон, Л.А.Лејкерс и Феникс. Серијата од три порази по ред ја прекина Мајами...

Во синоќешните натпревари, Јута после пауза од цела деценија славеше во Сан Антонио...Кај шампионите Лејкерс за прв пат сезонава настапи Гасол...Феникс го доживеа триот пораз, но и покрај тоа останува на врвот на западот...

Во синоќешните натпревари, Аталанта продолжи со одличните изданија и “јастребите“ се уште се на врвот во НБА. Ништо ново нема ни дното, Њу Џерси го забележа и 12-от последувателен пораз...

Во синоќешните НБА натпревари, Феникс забележа уште една победа со што стана првиот тим што стигна до 10 победи и со тоа моментално го има најдобриот скор во НБА. Њу Џерси и по 11 дуели не знае за победа...

По синоќешните натпревари во НБА, Атланта по продолжението го совалада Портланд и со тоа остана на врвот на истокот. Далас исто по продолженија го совлада Милвоки на гости со кошот на Новитцики со звукото на сирената...

Во синоќешните дуели во НБА, Феникс продолжи со својот инзвонреден старт сезонава. Тие се лидери на западот и се единствени со 2 порази, бидејќи Лејкерс загуби дома од Хјустон...