
Веста дека фудбалерот на Коринтијанс, Адријано случајно со пиштол застрела една девојка по излегувањето од дискотека во Рио де Жанеиро ги преплави медиумите ширум светот.

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович спрема комплетна реконструкција на неговиот тим, а носител на проектот ќе биде сегашниот тренер Андре Виљас-Боаш, кој на располагање ќе добие фантастични 150 милиони фунти.

Фудбалерот на Арсенал, Робин ван Перси го изедначи клупскиот рекорд по број на постигнати голови во една календарска година.

Ливершул во зимслиот преоден рок ќе се обиде да ги реши проблемите во нападот со ангажман на германскиот репрезентативец од Келн.

Во градското дерби на 17-то коло на Премиер лигата, Тотенхем и Челси одиграа 1:1, иако според она што се случуваше на теренот резултатот можеше да биде многу поинаков.

Арсенал објави дека натпреварот против Вулверхемптон кој требаше да се игра на 26 декември (Боксинг деј) е одложен за 24 часа.

Гери Кејхил од јануари ќе ја продолжи својата кариера во дресот на Челзи, откако актуелниот вицешампион на Англија успеа да се договори со Болтон околу деталите за овој трансфер.

„Ова е исклучително тежок ден за мене и моето семејство. Им благодарам на сите за поддршката, ќе продолжам да се борам“, порача напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез откако дозна за драстичната казна поради наводните расистички навреди кон играчот на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра.

Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини изјави дека клубот нема намера да го пушти Карлос Тевез на позајмица, туку сака да го продаде играчот.

Шпанската ѕвезда во редовите на Манчестер Сити, Давид Силва призна дека неговиот тим не треба да дозволи грешка која би ја искористил Јунајтед да се врати на врвот.