
Манчестер Сити се врати на победнички колосек во Премиер лигата, победувајќи го Ливерпул со убедливи 3-0 пред своите гледачи.

Последните минути од натпреварите во 20-то коло од Премиер лигата беа исклучително возбудливи. Во нив Челзи после серијата слаби резултати конечно победи, а Арсенал беше шокиран од Фулам кој направи целосен пресврт.

Менаџерот на Болтон, Овен Којл потврди дека Челзи и Болтон ги договорија деталите околу трансферот на дефанзивецот Гери Кејхил на „Стемфорд Бриџ“.

Ѕвездата на Тотенхем и еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, Лука Модриќ изјави дека скоро сигурно ќе остане во Тотенхем до крајот на сезоната.

Раководството на Арсенал се одлучи да ја врати својата поранешна ѕвезда и му понуди двомесечен договор на Тиери Анри, соопштиваат англиските медуми.

Уругвајскиот напаѓач на Ливерпул, Луис Суарез заработи суспензија од еден натпревар поради својот непристоен гест кон публиката на дуелот по Фулам.

После импрсивната партија на гостувањето кај Норвич (0:2), менаџерот на Тотенхем Хари Реднап ја отфрли сугестијата од новинарите дека неговиот клуб може да конкурира за титулата во Премиер лигата.

Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини призна дека нерешениот исход против ВБА го ставил клубот во многу непријатна ситуација, но тоа на што најмногу се лути Италијанецот е празничниот збиен календар во Премиер лигата.

Менаџерот на Челзи, Андре Виљас-Боаш после трите последовалтени ремија не верува дека неговата екипа може да стигне до титулата и призна дека битката е веќе изгубена.

После програмата на „Боксин деј“ во Премиер лигата единствено можат да се радуваат фановите на Јунејтед, кој го торпедираше Виган со 5:0 и го искористи ремито на Манчестер Сити на гостувањето кај ВБА, по што овие две екипи се израмнија на врвот со по 45 бода.