
Момците на Клаудио Раниери успеаа да ги надмудрат своите градски ривали, и го добија миланското дерби со 1:0, а херој на ’нероаѕурите’ беше Диего Милито.

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунјатед, Дарен Гибсон ќе премине во Евертон за сума од 2 милиони фунти, соопштија медиумите на Островот.

Фудбалерите на Ливерпул славеа минимално со 0-1 на првиот натпревар од полуфиналната пресметка со Манчестер Сити во англискиот Карлинг куп.

Менаџерот на Челзи, Андре Виљас-Боаш откри дека клубот нема многу да троши во овој зимски период најмногу поради фактот што големите клубови не се спремни да ги продаваат своите најдобри играчи.

Микаел Есиен се врати на фудбалските терени по пауза од шест месеци заради повредата на лигаментите на десното колено и одигра 75 минути за резервните фудбалери на Челзи и ВБА.

Вистинскиот херој на Арсенал, легендарниот Тиери Анри своето враќање во лондонскиот тим го одбележа со победоносен гол против Лидс.

Легендата на „топчиите“, Французинот Тиери Анри на најдобар можен начин се врати во дресот на Арсенал откако на дебито во својот старо-нов дрес го постигна единствениот гол за триумф од 1-0 во 3-то коло од ФА Купот против Лидс.

Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини го предупреди својот конкурент за титулата Манчестер Јунајтед дека поразот на ’граѓаните’ во ФА купот ќе има огромно значење во конечниот исход за титулата во Премиер лигата.

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон не е задоволен од играта на својот тим при победата од 3:2 над градскиот ривал Манчестер Сити во 3-то коло од ФА купот.

Манчестер Јунајтед вчера во трилер натпревар успеа да го елиминира својот градски ривал од 3-то коло во ФА купот, но ждребот сакаше ’црвените ѓаволи’ во следното коло повторно да играат со голем ривал, и тоа против Ливерпул на „Енфилд“.