
Поради сериозни здравствени проблеми фудбалерот на Манчестер Јунајтед подолго време ќе отсуствува од фудбалските терени!

Англискиот репрезентативец Френк Лампард иако го реши натпреварот со Манчестер Сити со голот од пенал, сепак и овој натпреваер го започна на клупата за резерви, а шанса за настап доби дури на самиот финиш.

Со доаѓањето на богатите сопственици на чело на Челзи и Манчестер Сити воспоставен е јасен план – да се создаде екипа од светска класа која ќе освојува трофеи на домашна и меѓународна сцена.

Менаџерот на Челзи, Андре Виљас-Боаш ги пофали своите фудбалери за карактерот со кој направија пресврт и му го нанесоа првиот пораз на Манчестер Сити.

Манчестер Сити во дербито на „Стенфорд Бриџ“ влезе во низа од 14 натпревари без пораз и најдобар старт во историјата на Премиер лигата, но на секоја серија и доаѓа крајот, а Челзи се погрижи тој крај да биде токму во Лондон.

Англиската Премиер лига најверојатно ќе добие уште еден Балотели. Помалиот брат на ѕвездата на Манчестер Сити, Енох Балотели е пред трансфер во Стоук Сити откако раководството на клубот се одлучи да му даде шанса да ги покаже своите квалитети.

Натпреварот помеѓу Динамо Загреб и Лион во кој францускиот клуб ’очигледно’ се квалификува во наредната фаза предизвика многу контроверзи, и веднаш започна истрага за евентуално местење.

Кампањата за ’спасување’ на Вејн Руни даде свој резултат, откако денес Европската куќа на фудбалот ја налали санкцијата на напаѓачот на два натпревари.

Кошмарната коќ на Алекс Фергусон и елиминацијата од групната фаза во ЛШ, беше комплетирана со тешката повреда на Немања Видиќ, кој ќе отсуствува од терените подолго време.

Луис Суарез повторно се најде во центарот на вниманието на англиската фудбалска јавност откако им покажа среден прст на навивачите на Фулам за време на синоќешниот натпревар на „Кревен Котиџ“.